Фирма основач


НЕТ ПРЕС КОМ ДООЕЛ
Ул. Иво Лола Рибар 59, Скопје



Сопствеништво


Сопственикот е непознат
( повеќе детали )



Директор


Лидија Станчевска



Уредништво


Главен и одговорен уредник:

Дејан Николовски

 

Редакција:

Непозната

 

Дописник од Атина:

 

Марија Котовска, новинар од јавниот сервис МТВ



Забелешка


Основач на информативниот портал „Нетпрес“ е Дејан Николовски, поранешен уредник и новинар во дневниот весник „Дневник“, а потоа и во „Време“. Николовски пред одредено време ја продава компанијата „Нет прес ком ДООЕЛ“ на фирмата „Финзи ДООЕЛ“.

 

Сопствеништвото на „Финзи ДООЕЛ“ е нејасно, со оглед на тоа што компанијата е ќерка на истоимената ФИНЗИ ЛЛЦ со канцеларија во САД, а регистрирана на Кипар. Николовски одби да каже кое е лицето кое стои зад сопственоста на порталот Нетпрес и во смс порака ни посочи дека „името на новиот газда му е онака како што го крстил кумот“.

 

Од неодамна, веб порталот „Нетпрес“ се поднови и со ТВ Вести, но не се знаат имињата и презимињата на оние кои што ги читаат прилозите. 

 

Податоците за компанијата Финзи ДООЕЛ се поврзува и со Владислав Стајковиќ, кој е директор на „Мобико ДООЕЛ“ а сопственик е Жарко Луковски, извршниот директор на Т-мобиле Македонија и близок пријател на директорот на УБК Сашо Мијалков. Фирмата на Стајковиќ, НВСП ДООЕЛ воедно е сопственик на новото Радио Слободна Македонија, каде што свои емисии имаат водителот од Канал 5 Миленко Неделковски, Весна Бејби Петрушевска како и новинари од Сител ТВ

(Документите за НВСП ДООЕЛ и за Радио Слободна Македонија можете да ги преземете подолу на страната)

 

Повеќе за врските на Финзи ДООЕЛ со актуелните бизнис моќници во секцијата Истражувања

 

Тековната состојба на ФИНЗИ ДООЕЛ можете да ја преземете подолу на страната. 

 

 Линк до Нетпрес



Документи


Тековна состојба Финзи ДООЕЛ 2 Тековна состојба Финзи ДООЕЛ 1 НВСП - тековна состојба страна 1 НВСП - тековна состојба страна 2 Радио Слободна Македонија - страна 1 Радио Слободна Македонија - страна 2