Медиум


РЕПУБЛИКА



Биографија


Непознатa



Забелешка


Официјално сопственик на медиумот е фирма од малата островска држава Белизе, која е позната оф-шор дестинација на Карибските острови во Пацифиокот близу северноамериканскиот контитнет.

 

Компанијата се вика „Иресине лимитед“ и лоцирана е во главниот град Белизе сити на адреса 1 ½ „Мајлс нортен хајвеј“.


„Иресине лимитед“ преку фирмата „Прва Република ДООЕЛ“ стoи зад порталот www.republika.mk и зад неделникот „Република“.

Не се знае кој е сопственик на „Иресине лимитед“, а тоа не го откриваат ниту генералниот директорот Доне Доневски на „Прва Република“, ниту пак маркетинг директорот Стојан Георгиевски - Тото. Доневски не се одзва на нашата покана за разговор која неколку пати ја упативме преку секретарката на „Република“, додека Георгиевски го добивме на мобилниот телефон, но тој не сакаше да зборува за сопствеништвото на медиумот.



Му пративме мејл со прашања на кои не одговори иако според сервисот што го користевме (ReadNotify.com) знаеме дека го добил меилот и дека го отворил (погледнете го документот подолу на страната). 


На истата адреса во Белизе сити, на 1 ½ „Мајлс нортен хајвеј“ е регистрирана уште една компанија која инвестира во Скопје, Македонија. Станува збор за фирмата „Базики лимитед“ која со уште една компанија и со еден бизнисмен во Скопје ја поседуваа градежната компанија „Искра ММ“.
Покрај „Базики лимитед“ во „Искра ММ“ како сопственик се јавува бизнисменот Цветан Панделески, инаку татко на Дејан Панделески кумашинот на министерот за транспрот и врски Миле Јанакиески, Јанакиески е и истакнат член на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

 


Дејан Панделески е извршен директор на АД „Пелистерка“ од Битола.
И покрај „Базики лимитед“ и Цветан Панделески во „Искра ММ“ како партнер се јавува и фирмата со швајцарски капитал „Ексико ДООЕЛ“, која медиумите ја поврзуваа со македонскиот бизнис тајкун Орце Камчев.


„Прва Република“, фирмата која стои зад сајтот „Република“ има жиро сметка во „Стопанска Банка - Битола АД“, каде еден од поголемите акционери е токму Камчев.
Неделникот „Република“ се печати и во „Графички центар“ каде еден од сопствениците повторно е Камчев (погледнете го документот подолу на страната).

За врските на Камчев со владејачката ВМРО-ДПМНЕ пишуваше и Сашо Орданоски во својата книга „Заробена демократија“ издадена во 2012 година:

„За Јордан (н.з.Орце) Камчев раширено е мислењето дека е во кумовска врска со Сашо Мијалков, шефот на македонската тајна полиција и прв братучед на премиерот Никола Груевски, но нив, пред сё, ги врзува пријателството на нивните татковци уште од времето на социјализмот, пренесено и на децата. Исто така, познато е старото семејно пријателство меѓу Камчеви и долгогодишниот министер за правда во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски, и неговата сопруга, некогашната судијка Филимена Маневска. Но, пријателските релации на Камче-ви во македонското општествено милје се протегаат и на многу други познати имиња и семејства од македонската политика и бизнис.“

Вистинските сопственици, според нашите инсајдерски инфорамации, не ги знаат ниту вработените во „Република“ и ним им се преставуваат како „тие“ или како „луѓето“.



Документи


E-mail прочитан Графички Центар